Loading Video...
Балкан
28. April 2023 - 16:32

Македонски државјанин убиен во Сончев Брег, Бугарија - Уапсено 14 годишно момче

Македонец е пронајден мртов во Сончев Брег, а за убиството е осомничено 14 годишно момче од Несебар. Телото на 49 годишниот маж е пронајдено во шумска област во областа Канска Шатра.  Бугарските медиуми, повикувајки се на истрагата, пишуваат дека тинејџерот Михаил го извршил суровото злосторство вчера, удирајќи ја жртвата со дрвен кол по главата. 

Трупот потоа го одвлекол во блиската шума и го покрил со штици. Мотивот за убиството се уште се истражува, но се шпекулира дека се работи за обид за грабеж.  

Според медиумски извештаи злочинот се случило откако повозрасниот маж навестил интимна врска со малолетниот Михаил. Двајцата се сретнале во Сончев Брег, по што Македонецот на малолетникот му понудил забава.

За време на состанокот предложил да одат на некое позатскриено место, каде и се случило убиството.  Полицијата за помалку од 24 часа го привела Михаил, кој имал претходно криминално досие.

Се работи за  дете од повеќечлено ромско семјство.  Постојат сомневања дека во прикривањето на трагите му помагале и браќата, но тоа не е докажано.

Инаку, Македонецот уште на 24 јануари граничниот премин Гуешево влегол во Бугарија, каде имал дозвола за времен престој. Македонското МНР потврдија дека добиле информација за убиството на македонскиот државјанин со иницијали И.Н. од бугарските надлежни институции.

Амбасадата на Северна Македонија во Софија продолжува да биде во редовна комуникација со надлежните органи во Бугарија, од кои се очекуваат повеќе информации во врска со случајот и за текот на постапката за целосно расчистување на случајот, се вели во соопштението на МНР.