Македонија
4. March 2022 - 10:57

Македонски државјанин фатен при обид да влезе во Косово со фалсификуван сертификат за вакцинација

Државјанин на Република Северна Македонија се обидел вчера да влезе во Косово преку граничниот премин Блаце – Генерал Јанковиќ со фалсификуван сертификат за примени анти-ковид вакцини, јави дописникот на МИА од Приштина.

Откако бил откриен од полицијата, македонскиот државјанин признал дека на незаконит начин ја набавил потврдата за вакцинација. На лицето му е одбиен влезот во Косово, а предметот против него е пуштен во редовна процедура.

– Осомниченото лице – маж, Албанец, државјанин на Република Северна Македонија – на граничниот премин приложи сертификат за вакцинација против Ковид-19, кој резултира дека е фалсификуван. При распитот осомничениот потврди дека сертификатот го набавил на незаконит начин. По налог на надлежен обвинител предметот е пратен во редовна процедура, а на лицето му е одбиен влезот во Косово, се вели во 24-часовниот извештај на косовската полиција. 

Ново на Сител