Македонската туристичка понуда предизвик за туристите од Бугарија

Во рамки на меѓународната саемска манифестација за промоција на туристичката понуда - HOLIDAY&SPA EXPO 2016 која се одржува во Софија, претставници од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТРМ) остварија средба со министерот за туризам на Египет, Адел ел Масри, соопшти АППТРМ.
На средбата биле претставени туристичките можности на Македонија и продлабочување на соработката во туристичкиот сектор помеѓу двете земји. Познатите тур-оператори Orange Travel и Lidija Tours истакнале дека Македонија има атрактивна понуда за азискиот пазар со што од наредниот месец веќе започнуваат со кружни тури низ балканот, во кои дел е и Македонија.
На саемот биле остварени средби со повеќе туроператори и туристички комори од Бугарија кои најавиле зголемување на бројот на аранжманите, а со тоа и бројот на туристите за 2016-та година во Македонија.
- Бугарскиот туристички пазар е еден од назначајните пазари за Македонија според бројот на туристи и бројот на ноќевања кои ја посетуваат земјава и е во константен раст. Очекувањата на приватниот сектор од Бугарија за 2016 се оптимистички судејќи според интересот на тур-операторите во првите 2 месеци од оваа година, се наведува во соопштението на АППТРМ.
На саемот за туризам во Бугарија туристичката понуда ќе ја претстават 392 излагачи, а на македонскиот штанд покрај АППТ, присутни се и тур-операторите Аурора, Фибула и Бадем Турс, како и хотелите Сириу, Ст.Гарден и винаријата Попова Кула.
Ново на Сител
-

Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана
-

Пронајдени четири мигранти на автопатот „Пријателство“, приведен кумановец што ги превезувал
-

ВМРО-ДПМНЕ: Фирми блиски до СДСМ се главни за марихуаната
-

„Безбеден град“ за една недела регистрирал 4 991 прекршок, најмногу за брзо возење
-

СДСМ: Како поминаа 5 тони дрога на граница?
-

ЈОРСМ: Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана
-

Француската морнарица заплени 1,4 тони кокаин вреден 41 милион евра
-

Орбан: Клинтон бараше Унгарија копнено да ја нападне Србија
