Македонската репрезентација со 27 кикбоксери на Кик Бокс европски куп во Пловдив
Македонската репрезентација предводена од претседателот Дејан Митровски Урко овој викенд ќе земе учество на Кик Бокс европскиот куп во Пловдив.
- Европските и светските купови се јаки на ниво на официјалните европски и светски првенства и ни се важни за рејтинг за квалификации а воедно и за контрола до каде се спремни нашите борците. На овие купови нашите борци имаат шанси да се сретнат во рингот со светски и европски прваци од светот, истите може да им се паднат и на ждребовите и на официјалните европски и светски првенства. На овие првенства ние тренерите ги согледуваме аномалиите на противничките борци и градиме техника и тактика соодветна за совладување на конкурентните борци од другите земји, изјави Митровски.
На ова првенство учествуваат 1379 натпреварувачи од 212 клубови од 29 земји.
Македонија ке настапи со 27 натпреварувачи, од 8 клуба.
1. КБК Шампион Скопје со 5 натпреварувачи
2. КБК Тим Зоран Струмица со 5 натпреварувачи
3. КБК Енердзи Битола со 5 натпреварувачи
4. КБК Гладијатор Скопје со 3 натпреварувачи
5. КБК Лидер Виница со 2 натпреварувачи
6. КБК Работнички Адора 2 натпреварувачи
7. КБК Самурај Битола со 2 натпреварувачи
8. КБК Предатор Куманово со 1 натпреварувачи
Како тренери на репрезентација одат:
1. Дејан Митровски Урко
2. Драган Атанасовски
3. Александар Димовски
4. Зоран Спасов
5. Дарко Гоцевски
6. Ненад Манојловски
7. Тони Босевски
8. Јован Крстевски
Ново на Сител
-
Земјоделците се жалат, УЈП испраќа опомени, но не ги исполнува своите обврски
-
Oрганизиран превоз во општините за ученици
-
Детектор: Жените ги рушат бариерите
-
Преглед на вестите од светот
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
Тема на денот со Стево Пендаровски, поранешен претседател
-
Агелер: Уставните судии да бидат само судии
-
Мицкоски: Не се согласувам со мислењето на Коцевски дека не сторил тешка дисциплинска повреда