Синиша Кочоски ќе настапи на легендарната трка „24 часа Ле Ман"
Авто-мото спортот од година во година станува сè популарен во Македонија, а тоа е благодарение на многуте успеси на нашите возачи на меѓународна сцена. Еден од нив е Синиша Кочоски. Членот на „Сајлент Хантерс" веќе неколку сезони е при самиот врв во регионот, а потврда за тоа се резултатите во престижните БМУ Европскиот шампионат и ФИМ Европскиот шампионат.
Кочоски е двократен шампион во БМУ и актуелен вицешампион во категоријата СТК 1.000. Тој и оваа сезона ќе се трка на патеките во Грција, Чешка, Словачка, Хрватска, но најголемиот негов досегашен предизвик во кариерата ќе го има кон средината на април. Имено, македонскиот мотоциклист како дел од тимот Уни Серв Мото 82 од Чешка ќе настапи на најтешката трка во историјата – „24 часа Ле Ман".
Кочоски ќе ја има честа да ја претстави нашата држава во друштво на најиздржливите возачи во светот, што претставува уште еден голем чекор напред во неговата кариерата, како и голем напредок за македонскиот авто-мото спорт.
„Ми претставува особена чест и задоволство што добив покана за настап на трката за која сонував од дете. Прво сакам да му се заблагодарам на клубот од Чешка, Уни Серв Мото 82 кој ми ја пружи оваа можност. Ветувам дека достојно ќе ги бранам боите на клубот и ќе го дадам максимумот во одлично светло да ја претставам Македонија. Подготовките за настап на најтешката трка на светот веќе се започнати. Моја цел и на ривалот, а сега колега Христијан Бузалковски е да се квалификуваме и да ја извозиме трката", рече Кочоски.
Покрај Кочоски на овогодишната трка „24 часа Ле Ман" ќе настапи уште еден Македонец – Христијан Бузалковски.
Ново на Сител
-
НБА: Мајкл Џордан стручен коментатор на Ен-Би-Си
-
На солунското пристаниште откриени речиси 58 килограми дрога
-
Вучиќ и Кошта на средба во Белград, разговарано за односите на Србија и ЕУ
-
Приведен 26 годишен велешанец, управувал возило со 2,07 промили во крвта и нападнал полициски службеник
-
Почина Владимир Бошковски, професор на Архитектонскиот факултет
-
Намалена казната на Шкендија за исвиркување на жртвите од Кочани, титулата ќе ја прослават со навивачи
-
Кривична пријава за Фрчковски, осомничен за незаконско користење на државни средства
-
Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг