Македонската полиција на нозе: Исчезнаа 3 лица - меѓу нив бебенце и малолетничка
Полицијата на нозе, три лица исчезнаа за едно деноноќие.
Во 23 часот синоќа вработен во Центарот за социјални работи во Прилеп пријавил дека исчезнало тринаесетгодишно девојче. Тоа со Барање на Министерот за труд и социјална работа е доделено на семејство во Прилеп. Девојчето излегло од дома и истиот ден во 22 часот се јавила на мајкатадека со воз ќе оди во Охрид.
Исто така, синоќа во 22 часот 47-годишниот Е.Д. од Делчево, со привремен престој во Струга, пријавил дека истиот ден околу 17 часот и 15 минути од дома во непознат правец се оддалечила неговата невенчана сопруга. Се работи за 36-годишната В.Д. од селото Радолишта која со неа го зела и нивното седуммесечно бебе.
Дваесетина минути по полноќ во полициската станица Ѓорче Петров, 55-годишната Ј.Б. од населба Стопански Двор пријавила дека претходниот ден од дома во непознат правец се оддалечил нејзиниот сопруг.
Се работи за 60-годишниот М.Б.од кој нема ни трага ни глас.
Полицијата трага по исчезнатите лица.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Собранието расправа за измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје