Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите 100 национални кујни во светот
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања, „Тејст атлас“ (Taste Atlas) ја објави листата на 100 најдобри национални кујни во светот за 2024 - 25 година. Македонската кујна го зазеде 47. место (со оценка 4,16 од 5).
На гастрономската платформа има повеќе од 10.000 јадења и пијалаци. Се препорачуваат и традиционални јадења и автентични ресторани. Годинашните ранг-листи се креирани врз основа на речиси 400.000 оценки за храна и 115.000 оценки за прехранбените производи.
На првите 10 места меѓу државите, се наоѓаат: Грција (со оценка 4,6 од 5), Италија, Мексико, Шпанија, Португалија, Турција, Индонезија, Франција, Јапонија и Кина.
Во однос на македонските специјалитети, во рубриката „Мора да се проба“, највисоко рангирани се зелникот и макалото (со оценка 4,5 од 5), па сарма (4,4), ајвар и охридска пастрмка - со истата оценка. Меѓу пијалаците се истакнати вината „Шато Камник“ и „Тиквеш“.
Ново на Сител
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава
-
Поранешниот директор на Геријатрија не се чувствува виновен за примањето 20.000 евра поткуп