Македонската и српската царина потпишаа Протокол за заеднички процедури на преминот Табановце
Директорите на Царинските управи на Македонија и Србија, Наташа Радеска Крстевска и Милош Томиќ, денеска во Белград потпишаа Протокол за спроведување на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за утврдување на граничните процедури за железничкиот граничен премин Табановце – Прешево.
Протоколот претставува продолжение на царинската соработка на ново поле на заедничко делување во спроведувањето на граничните процедури.
Како што е наведено во соопштението од Царинската управа на Македонија, Протоколот претставува подготовка за операционализација на Спогодбата помеѓу Владите на Република Македонија и Република Србија за утврдување на граничните процедури за железничкиот граничен премин Табановце-Прешево со која се предвидува заедничко вршење на царинските контроли на едно место од страна на двата органа истовремено, при единствено запирање на возовите за гранична контрола, со што се дава придонес кон забрзувањето на железничкиот сообраќај помеѓу двете држави, а воедно се обезбедува заштеда на средства за сите учесници во овој вид на сообраќај.
Ново на Сител
-
Две години условна казна и 2.500 евра за Мерко за незаконско поставување директори во две училишта
-
Повторена пресуда за „Меѓународен сојуз“: Боки-13 осуден на пет години затвор
-
Почина Илија Темелковски - човек кој сиот свој работен и животен век го посвети на ракометот
-
Кривична против двајца инспектори од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово
-
МЗ: Во тек е дистрибуција на вакцините против сезонски грип низ јавните здравствени установи
-
Судот ги одби наводите на одбраната дека Штекли не е способен да го следи судењето на главна расправа
-
Приведени седум возачи за управување возила под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената
-
Утре и во среда посебен сообраќаен режим во Скопје поради официјална посета на Урсула фон дер Лајен и Пелегрини