-->
-->
Македонската фудбалска репрезентација закажа контролен дуел со Турција
-->
Репрезентација на Македонија ќе одигра пријателски тест натпревар со Турција во Скопје на 5 јуни како одлична контрола пред квалификацискиот дуел со Шпанија на 11 јуни.
Во составот на Турција најголема ѕвезда моментно е Арда Туран од Барселона, но има уште дузина исклучително квалитетни играчи. Тие ќе играат со Косово во Скадар исто така на 11 јуни, па и за нив пријателскиот натпревар со Македонија ќе биде добра проверка.
Досега Македонија имаме одиграно седум натпревари против Турција и има биланс од една победа, едно реми и пет порази. Во 1994 и 1995 година „црвено-жолтите“ двапати загубија во пријателски натпревари, со 0:2 и 1:2, а потоа следеа поважните мечеви. Во квалификацискиот циклус за Мундијалот во 2002 година Македонија дома загуби со 1:2, а на гости беше 3:3. Тие два меча се играа во 2001 година. Во следниот циклус квалификации за ЕП 2004, Турците два пати победија (1:2 и 3:2). Единствената победа во седумте меѓусебни дуели македонските фудбалери ја остварија во 2006 година, кога во пријателски меч славеа со 1:0 на гостински терен.
Турција во Скопје доаѓа по цели 15 години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња