Македонската асоцијација на земјоделски задруги се вклучи во проектот „БалканРоуд“

Подготвеност на земјоделците да ја заштитат животната средина преку развој на своите вештини, модернизација на фармите, зголемена профитабилност и подобрен пристап на меѓународните пазари, е една од целите на регионалниот проект „БалканРоуд“ што се спроведува во Македонија, Грција, Кипар, Бугарија и Албанија.
Проектот почна во септември лани, а ќе трае до август идната година. Финансиран е од ЕУ, во рамки на програмата „Балкан-Медитеранеан 2014-2020”. Се фокусира на одржливи земјоделски практики кај повеќе земјоделски култури, преку активности на три опитни фарми: за грозје, јаболка и пиперки.
Во Македонија проектните активности ги спроведува Федерацијата на производители на органски производи на Македонија, а со поддршка, консултативна и информативна, се вклучи и Македонската асоцијација на земјоделски задруги (МАЗЗ).
- Балканскиот земјоделски сектор се соочува со значајни предизвици во однос на управувањето со ресурсите и емисиите на стакленички гасови. Иако некои земји покажуваат позитивни показатели за развој, сепак, континуираната економска криза, ниското ниво на иницијативи преземени од локалната и централната власти, како и понискиот капацитет и ниво на образование од балканските фармери во споредба со другите европски земјоделци, го отежнуваат прилагодувањето на балканското земјоделство со политиките на ЕУ, велат од МАЗЗ.
Подобрување на балканското земјоделско окружување преку стратегии, методологии и технологии за зачувување на природните ресурси (почва, вода, воздух), намалување на стакленички гасови и на производството и депонирањето на отпадот и зголемување на степенот на негово рециклирање, односно реупотреба во системите за земјоделство, како и развивање заеднички балкански протокол за производство на земјоделски производи со еко-ознака, се исто така цели на „БалканРоуд“.
Проектот е под водство на Бенаки Институтот за фитопатологија Грција.
Ново на Сител
-

Хeмичaрот кoј дoби „Инжeнeрски прстен“ од државата | Кирил Христовски - ПМФ | Sitеl Pоdcаst 138
-

Најдобрата македонска кошаркарка стави крај на кариерата
-

ЕК објави список со предлози за дополнителни санкции против Русија
-

Променливо време со врнежи од дожд, на планините снег
-

ФФМ го казни својот поранешен претседател Сејдини поради финансиска измама
-

23-годишна кумановка со авотмобил удрила во 7-годишно девојче и тешко го повредила
-

Две лица, едниот од нив 18-годишник, извршиле тешка кражба во викендичка во Велес
-

Кривична за четири лица, меѓу кои двајца полицајци; за пари овозможувале граѓаните побрзо да извадат лични документи
