Македонија во мрак!

Глобалната организација на Часот на планетата Земја објави специјална фотографија направена на Водно во Скопје, на која пишува #EarthHourMK, која беше прогласена за најубава слика направена за акцијата низ цел свет!
Исто така, беше направена и посебна видео компилација за акцијата во Македонија со инсерти од исклучувањата во Скопје и Охрид, но и со дел од малите дечиња – поддржувачи на акцијата од нашата земја, кои на англиски јазик велат „Промени ги климатските промени!“ и „Заблескај светлина на климатските промени!“


- „Македонија вчеравечер покажа дека ја има моќта да направи промена. Скопје и Охрид уште еднаш се вклучија во фамилијата на големи светски метрополи кои го одбележаа Часот на планетата Земја. Во нашиот медиа центар пристигнаа голем број на фотографии и видеа од одбележувањето на Часот на планетата Земја низ целата Република и сме навистина среќни што охрабривме толку голем број на луѓе да ги исклучат светилките во своите домови! Ова немаше да биде успешно без поддршката на Градот Скопје, Градот Охрид и Црвениот крст на Република Македонија. – изјави Ѓорги Селков, главен организатор на акцијата во Македонија.
Инаку, оваа глобална акција ја признава и ја промовира Македонија под нејзиното уставно име.
Во продолжение погледнете ги видеата кои заслужува да ги види цела Македонија!
.be
.be
Ново на Сител
-

„Ниту една повеќе“ – Протест во Скопје по убиството на 17-годишната Билјана Кириќ
-

11 пријави за семејно насилство за 24 часа – Над 1.400 жртви за девет месеци
-

Филков: Брисел го препозна напредокот во правосудството
-

Партиски обвинувања за работењето на Алта банка
-

Петте случаи на морбили се аларм за колективниот имунитет
-

УГД ги отвора вратите за европските студенти преку Еразмус
-

Струмички „Комуналец“ се модернизира, за три месеци обезбедена механизација вредна 20 милиони денари
-

Преглед на вестите од светот
