Loading Video...
Фудбал
7. September 2020 - 20:01

Македонија во Грузија ќе игра на три бода

Македонската фудбалска репрезентација утре во 18ч во Тбилиси го игра вториот натпревар од Лигата на нациите против домашната Грузија.   Дојдовме по трите бода порача капитенот Пандев на денешната прес конференција.

                Македонија за првпат ќе игра против селекцијата на Грузија. Избраниците на селекторот Ангеловски пристигнаа во Грузија и го одржаа единствениот тренинг пред мечот. 

            Овојпат ќе настапиме без Димитриевски, Тричковски и Кире Ристевски а дополнителни проблеми  може да донесе стомачниот вирус кој го мачи  Стефан Ристовски.

  • Ние не сме во посакуваната форма но оваа е  свет дрес и затоа очекувам со максимална игра да го постигнеме она за што дојдовме а тоа е освојувањето на три бода – истакна капитенот Пандев кој утре ќе го одигра 109-тиот меч во националниот тим.

Интересно е што Македонија и Грузија можат да се сретнат и во финалето од претходното издание во Лигата на нациите доколку ги минат Косово и Белорусија во полуфиналните пресметки.

Селекторот Ангеловски изрази желба Македонија и Грузија да се сретнат во финалниот меч и ја истакна фаворитската улога на домаќинот на овој натпревар пред се поради добрата серија резултати.  Грузијците во првиот натпревар славеа со 1-0 на гостувањето во Естонија.  Средбата се игра утре вторник во 18ч.