Македонија во 2018 година ќе биде партнер на Интернационалниот саем за земјоделство и храна во Словенија
Македонија следната година ќе биде земја партнер на 56-от Интернационален саем за земјоделство и храна „АГРА“, што секоја година се одржува во Горна Радгона, во Словенија. Годинава партнер на саемот беше Народната Република Кина. Поканата за партнерство, денеска на македонскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на саемот во Горна Радгона му ја врачи заменик-претседателот на Владата и министер за земјоделство, шумарство и храна на Република Словенија, Дејан Жидан.
Ова, како што посочуваат во денешното соопштение од Министерството, е голем успех за Македонија, ако се има во предвид дека се работи за еден од најголемите интернационални саеми во Централна и Источна Европа, на кој присуствуваат ресорните министри од земјите од Централна и Источна Европа.
Ова година на саемот се претставуваат повеќе од 1.700 изложувачи од 30 држави во светот. За Република Македонија, е обезбеден промотивен простор на саемот од 9м2, на кој Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се претстави со органско земјоделско производство.
Во рамки на годинешниот саем, министерот Николовски оствари средба со неговиот словенечки колега Жидан, на која е договорена помош од Република Словенија во евроинтеграцискиот процес на Република Македонија.
Министерот Жидан, како што стои во соопштението, порачал дека Словенија ќе и помогне на Македонија во делот на подобрување на функционирањето на македонската Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како институција која е важна за распределбата на националните и европските пари.
Словенија, како што посочуваат од МЗШВ, ќе помогне и во јакнењето на советодавните служби за земјоделците во Република Македонија, како на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и руралниот развој, но и на приватните советодавни служби. Во таа насока, тимови од Република Македонија и од Република Словенија, со следниот период ќе работат на реализација на овие два клучни приоритети за развојот на македонското земјоделство.
Ново на Сител
-
22-ри „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Марјан Николовски, професор на Факултет за безбедност
-
Подметнат пожар во автосервис во близина на „Стаклара“
-
Мицкоски: Пожарите доаѓаат од центри на моќ за да сејат страв, идентификувани се 20 лица
-
Шест месеци по трагедијата во Кочани, тројца повредени се уште во болница
-
Убиената Росица 7 пати го пријавувала насилникот во полиција, Обвинителството постапувало по пријавите
-
Медицинска сестра од Онкологија: Васев во канцеларција имаше лекови
-
Злоупотреба на службени возила од денеска ќе може да се пријави на телефонскиот број: 070 399 050