Фудбал
26. March 2023 - 18:10

Македонија утре ќе игра контролна средба со Фарските Острови

Деновиве во фокусот на вниманието се квалификациите за ЕУРО 2024-та кои репрезентација на Македонија ги започна победнички совладувајќи ја Малта во четвртокот, но во 2.коло црвено-жолтите се слободни, па во утре ќе одиграат контролен меч со Фарските Острови 
 
Без разлика што се работи за натпревар од пријателски карактер, селекторот Милевски најави сериозен пристап и атак на позитивен исход. 
 
И на овој натпревар Милевски неможе да смета на Дориан Бабунски кој се повреди пред натпреварот со Малта, како и Ѓоко Зајков кој се повреди во четвртокот. Поради клупски обврски ќе ги нема и Столе Димитриевски и Висар Муслиу.
 
Стрелецот на првиот гол во овие квалификации Елмас очекува добар настап и на утрешниот меч
 
Натпреварот Македонија – Фарски острови што ќе се игра утре на арената „Тодор Проевски“ ќе започне од 18 часот.