-->
-->
Македонија тргнува под командата на Раул
-->

Ракометната репрезентација на Македонија по настапот на Светското првенство во Франција вечерва го продолжува циклусот во квалификациите за Европското првенство во Хрватска 2018. Противник на нашите ракометари е селекцијата на Исланд, против која на Светското во групата во Мец одигравме нерешно 27:27. Сепак Исланд во Скопје допатува посилен бидејќи им се враќа најдобриот играч Арон Палмарсон.
Македонија на овој дуел ќе биде предводена од новиот селектор Раул Гонзалез, кој за вечерашниот ривал изјави:
- Исланд е силна репрезентација, особено е опасен кога Палмарсон игра добро, а тој сега се наоѓа во добра форма. Имаме голем предизвик пред нас. Ќе биде тешко, бидејќи многу работи ќе бидат попознати по овој двомеч, изјави Раул.
Селекторот Раул за денешниот натпревар ги избра следниве 16 ракометари: Никола Митревски, Дејан Манасков, Стојанче Стоилов, Кирил Лазаров, Влатко Митков, Филип Талески, Филип Миркуловски, Велко Маркоски, Борко Ристовски, Никола Маркоски, Гоце Георгиевски, Филип Лазаров, Гоце Ојлески, Филип Кузмановски, Марко Нелоски, Жарко Пешевски.
Од повиканите 19 играчи отпаднаа: Мартин Томовски, Мартин Велковски и Мартин Поповски.
Натпреварот Македонија – Исланд се игра во ВИП Арена СЦ „Борис Трајковски“. Почетокот е во 20 часот, а дуелот ќе го судат германските судии: Ларс Гепел и Маркус Хелбиг. Влезниците за натпреварот веќе се распродадени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Билки штетни за во спалната соба
-
Зидан ќе ја предводи Франција по СП 2026
-
Четвртфинале за младиот македонски тенисер Алексовски
-
Македонија домаќин на Светско училишно првенство во ракомет 2026
-
Трамп повторно се заканува дека ќе ја преземе контролата врз „ужасниот“ Вашингтон
-
За време на викендот почнуваат роковите за локалните избори на 19 октомври
-
Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД
-
Рубио: САД сега подобро ги разбираат условите под кои Русија би била спремна да ја заврши војната во Украина