Македонија
28. October 2024 - 11:06

Македонија трета година по ред нема да учествува на Евровизија

Македонија ќе продолжи да учествува на Детската Евровизија, но големата сцена на Евровизија ќе остане без македонски претставник барем уште една година.

МРТВ ја потврди веста дека нема да учествува на натпреварувањето во 2025 година, со што се продолжува низата од три години отсуство.

Финансиските предизвици со кои се соочува националната телевизија се причина за оваа одлука.