Македонија, Србија, БиХ и Црна Гора бараат целосно повлекување на косовската одлука
Министрите за земјоделство, трговија и економија на Македонија, Србија и БиХ, како и претставникот од Црна Гора денеска на состанокот во Белград ја поздравија одлуката на Приштина за делумно повлекување на трговските бариери, со барање, веднаш, без одложување, да ги повлече царините и за останатите производи.
Еден од заклучоците на состанокот е и секоја земја да може да воведе соодветни контра-мерки, ако Косово во најскоро време не ги укине и останатите трговски бариери.
Министрите донесоа одлука за формирање оперативно тело со цел спречување и решавање на идните трговски бариери во регионот. Воедно испратија порака дека се против почнување царинска војна во регионот, зашто сите земји, рекоа, со тоа губат.
- Македонија и натаму е најпогодена со овие бариери. Очекуваме итно повлекување на оваа одлука. Во спротивно Македонија ќе ги преземе сите чекори и мерки кои се во функција на заштита на македонското земјоделство, домашното производство и граѓаните, изјави министерот за земјоделство Љупчо Николовски по состанокот во Белград.
Според српскиот министер за трговија Расим Љајиќ, договореното оперативно тело ќе работи до стапување во сила на Протоколот 7 од ЦЕФТА договорот.
- Ова тело ќе работи на брзо и ефикасно решавање на евентуалните проблеми и спречување нови царински бариери. Тоа не значи дека се анулира ЦЕФТА Договорот, ниту е нејзина замена, туку е привремена мерка до целосната примена на Протоколот 7, истакна Љајиќ.
Повикувајќи се на првичните информации, српскиот министер рече дека Косово се уште ги нема тргнато царините за доматите, пиперките, малините, јаболката, капините, крушките...
На состанокот е постигната согласност за натамошна реформа на ЦЕФТА со цел олеснување на трговијата на Западен Балкан, за што се очекува директна подршка од Европската комисија.
Ново на Сител
-
Пријава за 4 дела за Пеце Мирчевски
-
Полиција влезе во МВР – сомнеж во јавните набавки за сервис на полициските возила
-
Проширена истрагата и за родителите на Васил – судиите од Кривичен застанаа зад својата колешка
-
Поништен солидарниот данок
-
Од денеска повторно во функција железничката линија Куманово-Скопје, ќе се патува за 41 минута
-
Што (не) треба да содржи новата потрошувачка кошница?
-
Прв состанок на Управниот одбор на Националната развојна стратегија во проширен состав
-
Промоција на нови судии и јавни обвинители, IX генерација чека одлука