Македонија со најмногу смртни случаи во Европа како последица на загадувањето, велат од Еуроњуз
Повикувајќи се на извештај на Европската комисија и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Euronews денеска пишува дека најпогодена од загадувањето на воздухот е Северна Македонија, а по неа Србија. Се посочува дека земјава има највисока стапка на смртност како последица на загадувањето на воздухот.
Албанија, Бугарија и Црна Гора исто така се наведуваат како земји со високо ниво на загадување.
Во 2021 година, Светската здравствена организација (СЗО) ги ажурираше своите упатства за квалитетот на воздухот, намалувајќи го препорачаниот праг за годишни концентрации на азот диоксид и мали честички (PM2.5), како што се прашина, чад и саѓи од издувните гасови.
Во декември лани, Европската унија усвои построги правила за квалитетот на воздухот, со цел да ги приближи своите стандарди до препораките на СЗО до 2030 година.
Овие правила ги обврзуваат земјите-членки редовно да ги следат ПМ честичките, јаглеродот и амонијакот што се ослободува во воздухот.
Како што се посочува во текстот на Euronews, периодов сите земји членки на ЕУ пријавуваат повисоки нивоа на азот диоксид од оние што ги препорачува Светската здравствена организација.
Според извештаите на Европската агенција за животна средина, изложеноста на PM2.5 честичките предизвикало околу 239.000 предвремени смртни случаи во Европа во 2021 година, додека уште 48.000 луѓе починале како резултат на изложеност на азот диоксид.
Ново на Сител
-
Најмалку 11 загинати, 22 повредени во автобуска несреќа во Мексико
-
Трамп ќе присуствува на Самитот на НАТО во Хаг
-
Македонските одбојкари финишираат со подготовките за Европската златна лига
-
Обновен сообраќајот на Кримскиот мост
-
Вучиќ најавува наскоро закон за Избирачкито список, избори кога тој ќе одлучи
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека економијата расте – само што не можат да поднесат што расте без нив
-
СДСМ: Kога инфлацијата е 3%, исто колку наводниот раст, нема никаков раст
-
Во Судан нападнат конвој на ОН со храна