-->
-->
Македонија со 5 претставници на ОИ за глуви
-->

Пет спортисти од Националната спортска федерација на глуви во Македонија се учесници на 23-те Олимписки игри за глуви, кои ќе се одржат во Самсун, Турција, од 18 до 30 јули, 2017-та година.
Македонски претставници за Олимпијадата за глуви ќе бидат: Андријана Грковска (стрелаштво, дисциплина 10м воздушен пиштол и знаменосец на македонското знаме), Светлан Седмаков (воздушен пиштол 10м), Андреј Стојаноски (пливање, дисциплини 400м слободно, 400м мешано, 1500м), Давор Талевски и Самир Цеховиќ (атлетика, дисциплина 100м и 200м).
Тие денеска во Агенцијата за млади и спорт се сретнаа со директорот, Дарко Каевски, кој им посака многу успех.
На средбата се говорело и за започнување на кампања која ќе ги привлече младите спортски таленти со овој тип на хендикеп, со цел полесна нивна социјализација во општеството и притоа да дадат придонес во македонскиот спорт.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите, фокус е ефикасност на институциите
-

Кога бесплатен роаминг со ЕУ?
-

Софија не прифаќа европски медијатор во дијалогот со Скопје
-

Откупот на тутунот ќе започне на 16 ноември, се очекува откуп во една класа по цена нешто поголема од лани
-

Партиите со меѓусебни обвинувања за Алта банка
-

Независниот синдикат на професионални војници излезе на протест пред Владата
-

Во Дојран откриен најстариот меч во Македонија, стар околу 3.500 години
-

Штип ги награди своите најуспешни сограѓани
