Македонија прва во Европа по растот на минималната плата

Евростат ги објави најновите податоци за минималната плата во државите од Европската унија и во земјите кандидати. Според стандардите за куповна моќ (PSS), најголем напредок бележат Македонија и Романија кај кои е забележан скок за осум места по што следи Србија која има напредок од пет места.
Според овој параметар, Македонија е држава која е рангирана пред седум земји членки на Европската унија. Според овој показател, Македонија со 1.142 единици на куповна моќ се рангира пред Малта, Словачка, Унгарија и Чешка.
-Кога се споредуваат рангирањата во номинални услови и PPS низ 27-те земји, најголемите победници се Романија и Северна Македонија. Романија се искачува од 20-то на 12-то место, додека Северна Македонија се искачува од 24-то на 16-то место, при што обете напредуваат за осум места. Србија напредува за пет места, Хрватска и Бугарија за три места. Најголем губитник е Естонија, која паѓа од 16-то на 26-то место, додека Латвија, Чешка и Кипар исто така губат четири места, велат од Евростат.
Од државите членки на ЕУ, според овој параметар, на прво место е Германија по што следуваат Луксембург, Холандија, Унгарија и Чешка.
Од јануари до јули 2026 година, Македонија забележала најголемо зголемување на минималната плата меѓу анализираните земји – 6,9 проценти. Следуваат Романија и Естонија со по 6,8 проценти, Белгија со 5,8 проценти, Грција со 4,5 проценти, Луксембург со 2,5 проценти, Франција со 2,4 проценти и Холандија со 1,9 проценти.
Податоците на Евростат покажуваат дека само осум држави од 29 европски земји ја зголемиле бруто минималната плата од јануари наваму. На прво место е Луксембург каде бруто минималната плата изнесува 2.771 евро по што следуваат Ирска со 2.391 евро, Германија со 2.343 евра, Холандија со 2.338 евра и Белгија со 2.234 евра.
Македонија, Црна Гора и Србија, како држави кандидати за Европската унија, имаат повисока бруто минимална плата од Бугарија, која е членка на ЕУ.
Од државите членки на Европската унија најниска бруто минимална плата има Бугарија - 620 евра, додека повисока од неа имаат некои држави кандидати за Европската унија како што се Македонија со 624 евра, Црна Гора со 670 евра и Србија со 743 евра минимална плата.
МИА
Ново на Сител
-

Пронајдена марихуана при претрес во дом во Гостивар
-

Зголемена фреквенција на возила и поголем застој за влез во државата на граничните премини со Грција
-

Сончево и топло и следната седмица, поизразена локална нестабилност во среда и четврток
-

Пронајдена исчезнатата Бугарка на Шар Планина
-

Затвореник од Идризово загина откако се качил на бандера и фатил жица под напон
-

Запален автомобил кај Мавровка
-

Ангелов: Најкомплексен е пожарот кон НП „Пелистер“, нема повредени пожарникари
-

Македонскиот кугларски репрезентативец Стоклас постави Гинисов рекорд
