Loading Video...
Ракомет
28. October 2018 - 17:46

Македонија поразена во Грција

Нашите најдобри ракометари разочараа во квалификацискиот дуел со Грција одигран попладнево во Кожани и загубија со 28-26 во слаба игра што сигурно ги загрижува бројните фанови на македонскиот ракомет. 

Иако отпатувавме како големи фаворити сепак игравме под сите очекувања.  Едноставно Македонија беше далеку под препознатливото ниво и не успеа да се одлепи резултатски. 
На крајот од првиот дел водевме со гол разлика а во вториот во неколку наврати водевме со два погодоци но не и да го зголемиме водството. 
Избраниците на Раул Гонзалез по водството 22-20 едноставно застанаа и дозволија Грците со серија од 3 гола да дојдат до водство кое умешно го одржуваа до крајот на средбата по бројните промашувања на нашите ракометари и одличните одбрани на грчкиот голман Цилимпарис Грција дојде до победа од 28-26 што е еден од најтешките порази за нашата ракометна репрезентација. 
Лазаров со 7 и Талески беа најефикасни во нашиот тим додека одличен на голот беше Митрески со 12 одбрани.  Следниот натпревар го играме на Исланд кој има две победи против Грција и Турција.