Loading Video...
Ракомет
7. July 2023 - 19:45

Македонија поразена од Данска на ЕП за ракометарки до 19 години

Репрезентацијата на Македонија денеска го одигра второто коло од групата Д против светскиот шампион, Данска, на Европското првенство за ракометарки до 19 години што се одржува во Романија.  Македонија загуби од репрезентацијата на Данска со 27:39.

Натпреварот започна со по еден гол на двете страни и се играше израмнето сè до десеттата минута. Потоа, Данска со серија од 4-0 поведе со 9-5 тие само ја зголемуваа својата предност, така што во 17-тата минута +6. Нашите младинки се обидуваа да намалат разликата, но Данска не им дозволи и ја одржуваше предноста сè до крајот на полувремето. Резултатот на полувремето беше 18-13

Во втората половина Данска чекор по чекор се оддалечуваа, градеа сигурна предност и во 53-та минута поведоа со 33:24. Во последните седум минути од натпреварот црвено-жолтите се обидуваа да ја намалат негативата, но не успеваа, напротив, па  Данска на крајот славеше со конечни 39:27.

Ива Младеновска беше најефикасна од нашата репрезентација со седум погодоци,додека Сара Стефаноска имаше постигнато шест гола.

Македонија следниот натпревар го игра во недела против репрезентацијата на Чешка со почеток од 14:15 часот.