-->
-->
Македонија поразена од Црна Гора (21:27)
-->
Женската ракометна репрезентација на Македонија го запиша и петтиот пораз во групата 4 од квалификациите за ЕП 2016. Поуспешна од Македонија беше селекцијата на Црна Гора.
Избраничките на селекторот Симе Симовски до 50-та минута имаа резултат што значеше изненадување, но во последните десет минути фаворитот имаше серија од 7:1 за победа од 27:21.
Црна Гора нешто полесно „влезе“ во натпреварот, а тоа Македонија знаеше да го искористи. Двете екипи се менуваа во водство, а резултатот во првиот дел беше изедначен дури седум пати.
По водството на Црна Гора на полувремето од 13:12, нашата реперезентација направи серија од 4-0 за водство од 16:13. Македонија +3 имаше водство до 48.минута (20:17), но потоа следуваше серијата на Црна Гора на која и претходеа и две соминтелни исклучувања на македонските ракометарки Гакидова и Ристовска.
Темпото и малиот фонд ракометарки се одразија на крајот па Симовски немаше доволно ракометраки во ротацијата особено што капитенот Елена Ѓеорѓиевска се повреди во воведните минути и се врати со дланката во завој, но сепак не се работи за скршеница.
Најефикасна беше Сара Ристовска со 6 голови.
Македонија последниот натпревар од групата го игра во недела во Риека против Хрватска.
Црна Гора со денешната победа е на првата позиција со 8 бодови, пред Хрватска и Словенија кои имаат по 6, Македонија е последна без бод.
Најверојатно трите првопласирани селекции од оваа група ќе изборат пласман на ЕП.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Балистите скандираа “Голема Албанија”, функционерите не ги осудија
-
Ќе се подобрат ли условите во болницата во Бардовци по фаталната тепачка?
-
Гаши ќе ги распише изборите петок или сабота, очекува фер и демократска атмосфера
-
МНР без предлог за амбасадор во Атина, во моментов 24 амбасадорски места се празни
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски да даде оставка
-
СДСМ: Младите спасот го гледаат надвор
-
Формално образование и за децата кои се на подолго болничко лекување – повеќе нема да губат настава
-
364 лица во 13 градови во државата се обучуваат да станат пожарникари