Македонија под снежна покривка

На територијата на цела Македонија има врнежи од снег со променлив интензитет, освен во Гевгелија каде се уште врнежите од дожд се со умерен интензитет. Поинтензивни врнежи има во западните делови и Пелагонија. Долж Повардарието и на запад, особено на планините дува умерен ветер од северен правец кој на моменти засилува, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Најмногу снег до 19 часот наврнало во Лазарополе 30 сантиметри, во Пожаране - 22, во Тополчани - 17, во Тетово 13, во Битола 12, во Ѓуриште 11, во Берово 9 сантиметри, во Прилеп 6, во Крива Паланка и Штип 5, во Виница 4 и во Струмица 3 сантиметри.
Во изминатите 12 часа наврнаа 25 литри на метар квадратен дожд во Струмица, 24 л/м2 во Пожаране, 20 л/м2 во Претор и Берово, 19 л/м2 во Гевгелија и Тополчани, 17 л/м2 воТетово, 16 л/м2 во Лазарополе, 14 л/м2 во Битола и Демир Капија, 13 л/м2 во Штип и Виница, 12 л/м2 во Крива Паланка, 10 л/м2 во Охрид, 9 л/м2 во Прилеп и Ѓуриште, како и 5 л/м2 во Скопје.
Во вечерните и ноќните часови ќе се задржи облачно време со врнежи од снег со променлив интензитет. Се очекува насекаде да се формира снежна покривка. Поинтензивни врнежи и понатаму ќе има во западните делови каде локално ќе наврнат повеќе од 50 сантиметри снег. До утре наутро на повеќето пониски места снежната покривка ќе изнесува од 10 до 20 сантиметри. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, што локално ќе предизвика создавање на снежни наноси, особено на планините.
Утре времето ќе биде претежно облачно, ветровито и студено со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува засилен северен ветер, повремено на места со брзина до 80 км/час.
Минималните температури ќе се движат од -4 до 2 степена, а дневната нема да се менува односно од -5 до 2 степена.
Во Скопје ќе преовладува слично време. Температурата ќе биде -1 степен, а дневна -2 степена.
Ново на Сител
-

„Сестра, брат и шахта“ на Манчевски победи на Филмскиот фестивал во Токио
-

21-годишник пронајден мртов покрај изгорен автомобил во Богданци, во возилото откриено уште едно тело
-

До недела стабилно време, за викендот утринската температура под нулата
-

Поради „ретрограден Меркур“, министерката за образование во БиХ ги одложува активностите, советува и другите да го сторат истото
-

Победата на демократите ги потресе светските берзи
-

Пронајдена марихуана при претрес во Прилеп, приведено едно лице
-

„Флајдубаи“ од 1 април 2027 година повторно ќе лета на релација Дубаи - Скопје
-

Од 5 ноември исплата на средства за клиентите на АЛТА банка без платежни картички во Битола
