Македонија од денеска целосно воено интегрирана во НАТО
Со потпишување на заедничката декларација со НАТО денеска официјално ќе се заокружи процесот на воено интегрирање на Република Македонија во командните структури и во структурата на силите на Алијансата.
За таа цел во земјава ќе престојува командантот на Врховната сојузничка команда на НАТО за трансформација генерал Филип Лавињ, кој во Министерството за одбрана и Генералштабот ќе оствари средба министерката за одбрана Радмила Шекеринска и со началникот на ГШ, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.
Тема на официјалните разговори, како што е наведено во соопштението од ГШ и МО, покрај заокружувањето на процесот на воена интеграција во структурите на НАТО ќе бидат и активностите во процесот на трансформација и модернизација на Армијата во исполнување на НАТО целите на способности и запознавање со планираните вежбовни активности на Армијата во следниот период.
По завршување на состаноците во Министерството за одбрана и Генералштабот, генералот Филип Лавињ ќе оствари средба со претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, по што ќе биде примен и од претседателот на Република Македонија и Врховен командант на Вооружените сили, Стево Пендаровски каде ќе се одржи и церемонија за потпишување на заедничката декларација за интеграција на Република Македонија во структурите на НАТО.
На церемонијата, по обраќањата од страна на претседателот Стево Пендаровски, министерката Радмила Шекеринска и генералите Филип Лавињ и Васко Ѓурчиновски, ќе следи потпишувањето на заедничката декларација од страна на генералите Лавињ и Ѓурчиновски со што и формално Република Македонија ќе биде целосно воено интегрирана во НАТО – Алијансата.
Завршувањето на процесот на воена интеграција во НАТО е доказ за посветеноста на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија во исполнување на дадените цели кои се одвиваат преку трансформациските процеси во Mинистерството за одбрана и Армијата.
Ново на Сител
-
Дарио Ивановски победник на полумаратонот на годинашното издание „Охрид трчаТ“
-
Голема количина отпад изваден од дното на Охридското Езеро кај Радожда
-
Кина го обвинува американскиот министер за одбрана за „провокативни“ изјави во Сингапур
-
Железничката станица во Нови Сад ќе биде урната, реконструирана или делумно користена
-
Малолетник тешко повреден во сообраќајна несреќа во Кавадарци
-
УХМР: Следува период на сончево и топло време, дневната температура во сабота до 37 степени
-
Двајца мртви во Франција за време на прославата на победата на ПСЖ во Лигата на шампиони
-
Фицо: Без право на вето на секоја членка нема да има Европска Унија