Македонија меѓу најдобрите во регионот за климатските цели
Последниот извештај на коалицијата на невладини организации за клима и енергија покажува дека Македонија води во делот на енергетските и климатски амбиции во регионот, иако останува уште многу работа до целосна декарбонизација, јави дописничката на МИА од Брисел.
-Западниот Балкан оди во добра насока но сѐ уште недоволно во однос на трансформацијата на енергетскиот систем, заклучува годишниот извештај на Секретаријатот на енергетска заедница на регионот.
Според Коалицијата на невладини организации, Мрежа за климатска акција Европа, се забележува дека на регионално ниво сѐ уште не се поставени цели за намалување на стакленичките емисии за 2030, ниту пак целите за обновливи енергии и енергетска ефикасност. Министерскиот Совет на енергетската заедница не ги усвоил потребните насоки за декарбонизација и не се справува со прекршувањето на ЕУ законодавството во оваа област, истакнуваат невладините организации.
Македонија сепак се истакнува како една од најдобрите земји во регионот, стои во извештајот.
-Што се однесува до климата и животната средина, Македонија е всушност на пат кон декарбонизација. Неодамна усвоената стратегија за енергетски развој претставува три сценарија, од кои зеленото сценарио се покажува најисплатливо и го декарбонизира електричниот сектор, стои во извештајот.
Секретаријатот нагласува дека земјата е најнапредна од сите во однос на Националниот план за енергија и клима и го поздравува усвојувањето на законот за енергетска ефикасност на почетокот на оваа година со што Македонија е усогласена со законодавството на ЕУ во оваа област.
- Македонија на импресивен начин го надоместува изгубеното време со обезбедување на ефикасна имплементација на третиот енергетски пакет, започнувајќи со енергетскиот закон во 2018, пишува во годишниот извештај, и се поздравува амбициозноста на стратегијата за енергетски развој за периодот 2020-2040.
Извештајот забележува меѓутоа дека нема доволен напредок во секторот на гасот, за разлика од електричниот, поради долгогодишниот нерешен спор со сопствеништвото на операторот, што го загрозува и проектот за градење на интерконектор со Грција.
Ново на Сител
-
Кај малолетник од Скопје пронајдени пиштол и куршуми
-
Николоски: Досега 34 километри од автопатот Кичево - Охрид се во активна употреба, двата аеродроми ќе бидат автопатски поврзани
-
Во Болницата во Кочани задржани се четворица пожарникари со полесни изгореници, осуммина се на Токсикологија во Скопје
-
Вашингтон се заканува со санкции, Колумбија уверува дека се бори против шверцот на кокаин
-
Украина соопшти дека го нападнала нафтоводот „Дружба“ во руската Брјанска област
-
Н1: Разрешен командантот на српската Специјална антитерористичка единица
-
ЦУК: Побарано воздушно дејствување врз пожарот во Липковско на страната од Скопска Црна Гора
-
Мицкоски: Нашата економија во вториот квартал забележа реален раст од 3,4 отсто и е меѓу петте земји во Европа по раст на БДП