-->
-->
Македонија лидер во регионот по нови случаи на Ковид-19
-->

Со 101 случај вчера Македонија останува лидер во регионот по бројот на ново дијагностицирани позитивни на Ковид 19. Најблиску до нас е соседна Србија која има 69 случаи, но и значително повеќе население. Од соседите Бугарија има 22 нови позитивни а Албанија 20. Во Босна и Херцеговина вчера се дијагностицирани 16 случаи а во Словенија само 2. Хрватска, Грција и Црна Гора вчера немаат нови случаи.
Лошо или попрецизно кажано најлошо во цела источна Европа стоиме и според бројот на смртни случаи. Со 70 починати на 1 милион жители го држиме првото место. Најблиску ни е Романија каде на милион жители починале 67 луѓе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кои министри на Вреди ќе заминат од Владата допрва ќе се одлучува
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење
-

Пад на месечната инфлација од 0,7%
-

Починала во 2006-та, а во декември родила дете
-

Преглед на вестите од светот
-

САД и Македонија со договор за реципрочна, фер и балансирана трговија
-

Меџити: Чекорот на Беса ќе го следат и другите партии за ВРЕДИ да прерасне во еден политички субјект
-

Скопскиот градоначалник најавува стартување на повеќе проекти
