-->
-->
Македонија ја совлада БиХ 28:24
-->
Ракометната репрезентација на Македонија оствари победа на првиот од трите контролни дуели со Босна и Херцеговина. Во СРЦ Кале Македонија ја победи 28:24 (16:11).
Нашите ракометари имаа одлично го почнаа дуелот и по 2:2 направија серија од 6-0, а набрзо имаа и водство од 12:4.Во тој дел од натпреварот одбраната беше „растрчана“ и секаде стигнуваше, а во нападот и покрај 12-те гола имавме утнато и два седмерци и две контри.
Брзо по измените на стартните играчи противникот почна да ја намалува разликата и по серијата од 6-1 за Бих беше 13:10.
На почетокот на вториот дел на голот застана Никола Митевски, кој врза неколку одбрани, а контрите Манасков ги реализираше без проблем. Македонија водеше 22:14, а противникот пак се врати со серија од 5-0.
Најефикасен на дуелот беше Дејан Манасков со 8 голови.
Овие две репрезентации утре и задутре ќе одиграат уште два натпревара, од затворен тип во салата Автокоманда.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Анализа: Дали казните за комуналните претпријатија се решение за Скопје без ѓубре?
-
Тема на денот со Марија Митева, портпарол на Влада
-
Прв пат во Прилеп, втор пат во Македонија се направи специфична операција на главата на радиусот на лакт
-
Азир Алиу избран за нов министер за здравство
-
Нов осомничен за пожарот во „Пулс“
-
Реакции за пиротехника
-
Полицијата го лиши од слобода струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов кој се сомничи за финансиски злоупотреби
-
Обвинителство: Убиството на Вања е чин кој не може да се оправда