Македонија има услови за органско земјоделско производство
Во организација на Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) од Скопје и Здружението Институт за развој на заедницата од Тетово денеска во Тетово беше организирана Инфо сесија за органско земјоделско производство на која присуствуваа повеќе земјоделски производители, но и добавувачи на земјоделска опрема од градот и околината.
Според Габриела Мицевска од ИМЕ-програмата, органското земјоделско производство е втор брзорастечки бизнис во светот, а Македонија има идеални услови за да се вклучи и во овој пазар.
- Моментално во Македонија има околу 600-ини оператори во органското земјоделско производство, меѓутоа она што е позитивно е дека овој број секоја година се повеќе расте и мотивацијата за префрлање од конвенционално во органско производство не се само субвенциите што се добиваат од државата и што се доста големи, туку и можноста на самите земјоделци за остварување поголеми приходи со органски начин на производство, рече Мицевска.
Таа посочи дека во нивна иницијатива бил спроведен пилот-проект за производство на грав во Свети Николе по сите стандарди за органско производство и вака произведениот грав веќе се наоѓа на пазарите во Швајцарија, така што и Тетово и неговата околина што е позната по тетовскиот грав може да имаат големи придобивки од неговото органско производство.
Според Валентина Колар Јовановска од организацијата „Балкан биосерт“, што е прво сертификациско тело за органско производство во Македонија, придобивките од овој начин на производство можат да бидат големи како за производителите, така и за потрошувачите кои на тој начин ќе се снабдат со здрава храна.
- Во овој начин на производство не е дозволено користење на вештачки ѓубрива и синтетички препарати, а и семињата и садниот материјал мора да бидат од органско потекло. За потрошувачите да бидат сигурни дека производите што ги купуваат се навистина органски произведени, тој производ мора да има соодветен сертификат и да биде соодветно етикетиран како главни барања што треба да се исполнат за овие производи да може како органски произведени да се продаваат во Македонија, но и во странство, рече Колар Јовановска.
Денешната активност е поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка Свис контакт.
Ново на Сител
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Исчезнат е 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино
-
Јаневска: Ова е нацрт-концепција и може да претрпи промени
-
Денеска и утре релативно топло, од недела вечер дожд и опаѓање на температурите
-
16-годишна девојка со нож го прободела својот татко во Пробиштип
-
Сочувство од министерот за правда Игор Филков до семејството на прерано загинатата Фросина Кулакова
-
Апелациониот суд пресуди дека забраната за продажба на оружје во САД на лица помлади од 21 година е неуставна
-
Починатата кавадарчанка пронајдена од нејзината ќерка ја убил партнерот со гушење
-
„Почивај во мир, најдобриот студент што сме го имале“, професорот Цури се прости од Фросина