Македонија има потенцијал за бањски и СПА туризам, но не се користи доволно
– Македонија има над 65 извори на термални води, но наместо за бањски лекувалишта и велнес центри ги користи за загревање оранжерии и други видови производство.
Како што изјави денеска државниот секретар во Министерството за економија Зоран Павловски, имаме одлични услови за бањски и СПА-туризам, посакувана дестинација сме, а Нејшнл Џеографик не рангира на 26. место за алтернативен туризам.
-Во моментов имаме осум до 10 класични бањи, но заложбата е изворите со термални води полека да се отвораат и да се ставаат во функција на туризмот. Се повеќе луѓе обрнуваат внимание на своето здравје, а ние имаме голем потенцијал за алтернативен туризам, истакна Павловски по денешната трета Македонска туристичка берза.
Според него, Македонија секоја година бележи зголемување на бројот туристи. Очекувањата се да ја надминеме бројката од 1,2 милиона што ќе значи зголемување на приходот во Буџетот.
Оценка на Васил Сулев од Националната асоцијација за дојдовен туризам е дека Македонија догодина може да достигне раст од 20 проценти и да ги надмине сегашните 16 отсто.
Преку Македонската туристичка берза која овозможува средби на туристичките работници и агенциите, минатата година се реализирани еден милион евра, а од сегашните бизнис конекции се прогнозираат вкупно 1,5 милиони
Ново на Сител
-

Бројот на жртви од поплавите во Непал и Кина надмина 1.000
-

Учениците се враќаат на настава, почнува учебната 2026-2027 година
-

Од денеска од Зелениково до Нова железничка станица во Скопје со Градски воз
-

Европа негодува поради враќање на Русија во Г20
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Трамп размислува за ограничени напади врз Иран
-

Полицијата во Њујорк застрела жена која претходно со ножеви нападнала две лица на „Тајмс сквер“
-

Русинот осомничен за тројно убиство во Црна Гора по кратка престрелка со полицијата се самоуби

