Македонија и Турција ќе потпишат петгодишен договор за воено-финансиска соработка
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска е во еднодневна посета на Република Турција каде ќе има средба со министерот за национална одбрана Хулуси Акар на која во име на владите на двете земји ќе потпишат петгодишен Договор за воено-финансиска соработка.
Договорот, како што посочуваат од Министерството за одбрана, предвидува годишна алокација на финансиски средства од Турција за Македонија, кои ќе се користат за зајакнување на борбените капацитети, набавка на артилериска опрема и модернизација на Армијата.
На средбата ќе стане збор и за идните планови за соработка во одбраната, едукација, обуки и вежби согласно Договорот за билатерална соработка за 2021 година.
Шекеринска ќе присуствува и на отворањето на Меѓународниот саем на одбранбена индустрија IDEF 21 кој се одржува во Истанбул од 17 до 20 август.
– Присуството на саемот IDEF 21 на делегацијата од Македонија предводена од министерката Шекеринска е со цел да се согледаат можностите за набавка на нова опрема во функција на модернизацијата на нашата Армија за што годинава се наменети 25 проценти од буџетот во одбраната, наведуваат од Министерството.
Саемот на одбранбена индустрија на Турција, додаваат, е меѓу водечките во светот каде се претставуваат највисоките технолошки достигнувања во воената опрема. Се очекува на Саемот да учествуваат околу илјада домашни и странски компании и 400 делегации.
Ново на Сител
-
Две лица од Неготино криумчареле седум мигранти, меѓу кои пет малолетници
-
Последни седум дена од изборната кампања, партиите со ветувања за подобар живот на граѓаните
-
Израелската влада го одобри договорот со Хамас
-
Седумгодишно дете загина во руски напади во областа Запорожје
-
Без вода дел од корисниците на булеварите „Илинден“ и „ВМРО“
-
Дуел со Белгија за првото место во групата
-
САД преместуваат 200 војници во Израел за да го чуваат мирот
-
Уште денеска пријавување на немоќни и болни лица за гласање на локалните избори