Македонија и Полска ја засилуваат соработката во одбраната
Македонија и Полска се две исклучително пријателски земји со развиена одбранбена соработка и искрена меѓусебна поддршка, заклучија министрите за одбрана на двете земји, Зоран Јолевски и Томаш Шимоњак на денешната средба во Варшава.
- Ние сме благодарни што Република Полска недвосмислено ја поддржува Македонија на нејзиниот пат кон Алијансата и целосно го валоризира тоа што ние како држава сме го постигнале. Нашата меѓусебна соработка е на највисоко ниво. Континуираните средби со мојот колега, министерот Шимоњак се само еден пример за одличните одбранбени односи, рекол министерот Јолевски, соопшти денеска МО.
Полскиот министер Шимоњак, се наведува во соопштението, истакнал дека Македонија е сериозен и докажан партнер на Алијансата и се осврнал на учеството на припадниците на Армијата на Република Македонија во мисијата ИСАФ, како и во новата мисија „Одлична поддршка“ во Авганистан. Билатералната одбранбена соработка, посочил министерот Шимоњак, треба да претставува пример за соработка помеѓу две пријателски и отворени земји.
Во рамки на денешната посета, министрите Јолевски и Шимоњак потпишале и меморандум за соработка, со што ќе се даде дополнително засилување на билатералната одбранбена соработка.
Министерот Јолевски заедно со делегацијата, во рамки на денешната посета на Полска ќе присуствува и на 23. Егзибиција на одбранбената индустрија во Киелце.
Македонија и Полска годишно соработуваат во голем број активности, а особено актуелна е соработката во областа на военото образование и учеството на питомци од Полска на интернационалниот Летен кампус во Република Македонија. Истовремено, се посочува во соопштението, и контактите и соработката помеѓу Воената академија и Националниот одбранбен универзитет во Полска се зачестени и исклучително значајни за двете држави, а во план се и заеднички вежбовни активности.
Ново на Сител
-
Тема на денот со проф.Борче Давитковски
-
Жителите на с. Љубојно со денови протестираат против сечата на дабова шума
-
Трамп подготвува средба помеѓу Зеленски и Путин
-
Државата го доби Казандол на арбитража и заштеди 115 милиони евра
-
Притвореници не се спроведуваат на судења поради недостиг на затворски полицајци
-
Лице кое било под лупа на ДКСК кривично ја гони екс претседателката
-
Меџити и Ѓорѓиевски не очекуваат хаос со изборните листи – Зелен Хуман град собира потписи за нова партија
-
ДИК не донесе упатство