Македонија и Грција почнуваат разговори за поевтинување на роамингот
Македонскиот министер за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и грчкиот министер за дигитална политика, телекомуникации и медиуми Никос Папас и телекомуникациски оператори од Македонија и Грција следниот месец ќе одржат средба за конкретни решенија и временска рамка за да започне процедурата за намалување на цените во роаминг меѓу Грција и Македонија.
Согласност за тоа е постигната на денешната средба на министрите Манчевски и Папас во Софија, соопшти македонското Министерство за информатичко општество и администрација.
Манчевски го информирал Папас за меморандумот за соработка и предвидените активности за намалување на цените за роаминг со Бугарија, како принцип којшто може да се примени и со Грција.
- Двајцата министри се согласија заедно со операторите од Македонија и Грција, да се сретнат во Македонија, крајот на следниот месец каде ќе се разговара за конкретни решенија и временска рамка за да започне процедурата за намалување на цените. Министерот Папас потенцираше дека ова ќе биде особено значајно за граѓаните, ако се има во предвид големиот број на грчки и македонски граѓани кои патуваат во двете земји, се вели во соопштението од МИОА.
Како што истакнал министерот Манчевски, станува збор за решение од кое ефектите ќе ги почувствуваат сите граѓаните и поради тоа постои цврста волја тоа да се реализира и во пракса.
Министерот Папас се осврнал и на искуството на Грција во делот на дигитализација на администрацијата и на земјоделството. Од МИОА укажуваат дека постои интерес од страна на Грција да ги споделат своите најдобри практики во тие области, за што исто така ќе се разговара во јули во Македонија. Целта на договорените средби е да се започне со конкретни активности и проекти, и дефинирање на потребните услови за нивна реализација.
Манчевски во Софија учествува на Дигиталното Собрание 2018 со кое стартуваше Дигиталната агенда за Западен Балкан на Европската унија.
Ново на Сител
-
Гутереш: Американските напади врз три ирански нуклеарни објекти се опасна ескалација
-
Лице барано за извршување затворска казна правело хаос во хотел во Лазарополе
-
Приведен возач од Македонска Каменица, возел со 1,87 промили алкохол во крвта
-
Крушевчанец возел со 1,81 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола
-
Иран вели дека го задржува правото на каков било одговор на „скандалозните“ американски напади
-
АХВ: Не издаваме никакви HACCP дозволи, туку само ја контролираме работата на операторите со храна
-
Трамп му се закани на Иран со нови напади ако не склучи мир
-
Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди брегот на јапонскиот остров Хокаидо