Македонија и Бугарија ќе ги разгледаат можностите за економска соработка
Можностите за продлабочување на економската соработка меѓу Македонија и Бугарија ќе бидат разгледани денеска на средба во Скопје каде покрај бизнисмените и претседателите на стопанските комори најавено е присуство и на македонскиот и бугарскиот претседател Ѓорге Иванов и Румен Радев.
Главен акцент се очекува да биде ставен на потребата за побрзо решавање на клучните прашања од кои влијае обемот на соработката, пред се на транспортната и енергетската инфраструктура и спроведувањето на формалностите на граничните премини
- Решавањето на овие клучни прашања ќе придонесе за забрзување на вкупните транспортни операции меѓу двете земји, а со тоа и експанзија на обемот на билатералната стоковна размена, велат од Стопанската комора на Македонија.
Официјалните статистички податоци покажуваат дека вкупната трговска размена меѓу Бугарија и Македонија во 2017 година изнесувала 665 милиони американски долари што претставува раст од 19,13 проценти споредено со 2016 година. Извозот од 333 милиони долари има раст од 35,1 отсто, а увозот од 332,1 милиони долари, бележи зголемување од 6,54 отсто во споредба со 2016 година.
Минатата година, Бугарија била шести надворешно-трговски партнер на Македонија.
Во извозот најмногу се застапени рудите на олово, бакар и цинк, тутунот и плоснатите валани производи од железо или нелегиран челик. Во структурата на увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали, електричната енергија, шипките и прачки од железо и нелегиран челик...
Од 2010 до 2017 година во надворешно-трговската размена меѓу двете земји се забележува константен трговски дефицит на македонска страна, кој највисок бил во 2011 и 2012 година. Сепак, минатата година забележан е суфицит на македонска страна во висина од 0,83 милиони САД долари, кој се јавува за прв пат во последните седум години.
Ново на Сител
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни
-
Сведокот Трајковски: „Ситроенот“ на снимките ми падна во очи, многу чадеше и бавно возеше
-
Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор – неговите родители изразија сочуство
-
Власта ги поднесе интерпелациите за 5 члена на Судскиот совет
-
Тестови за дрога на лице место заострување на казнената политика: Јавна расправа во Собранието по усмртувањето на Фросина
-
СДСМ бара оставка од Попов: Возел пијан, без возачка и предизвикал сообраќајка во која повредил жена
-
Нов бојкот на маркетите поради високите цени
-
Растат бројките на заболени од грип - се зголемува бројот на хоспитализации