Македонија
9. јуни 2024 - 9:51

Македонија горда на Мики, Андријана и Мелиса

Македонија во големото финале на Ѕвездите на Гранд ја претставуваа Андријана Петрушовска од Скопје, Мелиса Зијадиќ од Лажани и Мики Секуловски од Велес.

Сите тројца истуркаа цели 13 круга борба и успеаја да се издвојат меѓу најдобрите. 

Сите тројца ја претставија Македонија во најдобро светло, а за тоа е и доказ пласманот на второто и третото место на двајца од нашите натпреварувачи. Мики го освои второто со 102.103 гласа, а Андријана третото место со 71.187 гласа.