Македонија го заврши и вториот меч со пораз
Во својот втор настап на 16. Европско фудбалско првенство, македонската репрезентација попладнево загуби од Украина со 2:1. Едно добро полувреме не беше доволно „црвено-жолтите“ да го освојат првиот бод.
Украинците победата ја обезбедија по подобрата игра во првите 45 минути кога Андриј Јармоленко во 29. минута им донесе водство, а Роман Јаремчук пет минути подоцна ја удвои предноста.
Македонците постигнаа гол преку Езѓан Алиоски во 57. минута, по одбиената топка, откако во претходниот обид украинскиот голман му одбрани пенал.
Пенал одбрани и македонскиот голман Столе Димитриевски во завршницата (84. минута) кој го одби ударот на Малиновски.
На „Национална арена Букурешт“, избраниците на селекторот Игор Ангеловски повторно имаа голема поддршка од околу пет илјади навивачи.
По овој пораз, македонските фудбалери имаат само теоретски шанси за пласман во следната рунда, додека Украина ги прокнижи првите три бода.
Вечер од 21 часот во Амстердам ќе се одигра другиот натпревар од 2. коло во „Ц“ групата на кој Холандија ќе ја пречека Австрија.
Ново на Сител
-
Студентите бараат поевтини автобуски карти за градовите од внатрешноста до Скопје и назад
-
Буково повторно гори
-
Водостојот на р. Брегалница двојно зголемен, но недоволно за да се наполни брана „Калиманци“
-
Преглед на вестите од светот
-
Аналитичарите со поделени мислења по лидерската средба
-
Тема на денот со Васил Стерјовски, Македонска алијанса за европска интеграција
-
Мицкоски и Филипче се договорија заеднички да ја туркаат реформската агенда
-
Дел од пациентите со дијабетес останаа без инсулин - Таравари вели дека новиот тендер ќе заврши многу скоро