Loading Video...
Фудбал
5. April 2023 - 18:05

Македонија ЃП и Струга ќе играат во финалето на фудбалскиот Куп

Екипaта на Макдонија ЃП во дуел против Струга ТЛ, ќе го брани трофејот во фудбалскиот Куп на нашата земја. Ова е исходот по денеска одиграните полуфинални натпревари
 
„Лавовите“ од Ѓорче во полуфиналето ја елиминираа тетовска Шкендија и тоа по подоброто изведување на пенали. Ѓорчепетровци беа оние кои го отворија резултатот и уште во 12-тата минута со голот на Есми Личина. Овој резултат беше актуелен со до 65-тата минута кога Ералдо Чинари израмни на 1-1, резултат кој остана до крајот на мечот, по што се изведуваа пеналите. А, во пенал „рулетот“ повеќе среќа, но и нерви имаат гостите па на крајот сосема заслужено се радуваа на победата и на пласманот во новото финале.
 
Во него за противник првопласираниот тим на првенствената табела екипата на Струга ТЛ
 
Стружани пред своите симпатизери минимално со 1-0 го победија минатогодишниот финалист тимот на Силекс и за прв пат во историјата се пласираа во финалето на ова натпреварување. Стрелец на победничкиот гол беше Незири во 64-тата минута. 
 
Финалето меч во Купот вообичаено се игра на крајот на месец мај.