Македонија
22. October 2021 - 20:13

Македонија ги започнува подготовките за претседавањето со ОБСЕ во 2023 година

Македонија ги започнува подготовките за претседавањето со ОБСЕ во 2023 година. Во меѓувреме, од 1 јануари земјава ќе биде дел од претседателското трио на ОБСЕ заедно со актуелниот претседавач Шведска и Полска, државата која ќе ја предводи ОБСЕ следната година.

Можноста да предводи со ОБСЕ претставува признание за Македонија, но и одлична шанса за зајакнување на позицијата на државата на меѓународната сцена. Ова беше истакнато на средбата меѓу генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид, и премиерот Зоран Заев.

Претставниците на ОБСЕ се состанаа и со министерот за надворешни работи, Бујар Османи, при што истакнаа дека Организацијата ќе продолжи да ја поддржува земајва во насока на успешно реформирање, што е важно за развојот на државата и зачувување на безбедноста и стабилноста во регионот.

Македонија е дел од Организацијата за безбедност и соработка на Европа од 1995 година. Целта на организацијата, која е под закрила на Обединетите нации, е безбедносна стабилизација на регионот со помош на демократско владеење.