Македонија ги скара Србија и Грција
Грција и се лути на Србија поради Македонија. Атинската телевизија Скај повикувајќи се на извори во грчкото министерство за надворшени работи објави дека Србија вршела притисок во ЕУ за побрзо решањето на спорот со името на Македонија, потег кој за Грција претставува провокација.
Но Атина не му забележува на Белград само поради подршката за нашата земја. Дополнителен револт србите создале и откако побарале , како што пренесува Скај , Грција да го признае Косово.
Поради ваквите потези во врска со Косово и Македонија, Грција вложила официјален протест на Србија се вели во текстот и истовремено изворите на кои се повикува телевизијата навеле дека Атина седум години по ред ја поддржува кандидатурата на Србија за влез во ЕУ, и покрај тоа што Белград побрза да ја признае, БЈРМ, врз основа на свои тесни интереси.
Исто така во текстот дипломатските извори потенцирале дека за признавањето на Косово не се размислува во овој момент и дека Атина ја води својата надворешна политика базирајќи се на националните интереси како критериум“.
-
Емилија Митковска
Сите содржини од овој новинар