-->
-->
Македонија ги продолжува подготовките со натпревари во Литванија
-->
Македонската кошаркарска репрезентација со вчерашниот дуел против Венецуела ги заврши подготвителните натпревари на домашен терен и сега ќе следуваат натпреварите, кои Македонија ќе ги игра во Литванија, Шпанија и во Летонија.
На последните два дуела со Венецуела во Гевгелија и со Изреал во Скопје, ситните повреди го одредуваа составот на 12-те играчи на кои сметаше селекторот Марјан Србиновски. Во Скопје против Израел надвор од тимот беа Александар Костоски и Марко Симоновски, додека во Гевгелија Венецуела ја „скокнаа“ Александар Костоски, Војдан Стојановски и Кирил Николовски, додека во текот на натпреварот на повреда се пожали Дамјан Стојановски, кој потоа не се врати во игра.
Повредите на сите играчи се санирани, а на следните натпревари селекторот Србиновски нема да смета на Кирил Николовски, што значи дека во конкуренција се 14 кошаркари откако на вчерашниот дуел со Венецуела првите минути во подготовките ги имаше и Ричард Хендрикс.
Македонија првиот следен натпревар го игра на 18.август против Литванија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
За пет години кириите во Европа пораснаа за 12,5 отсто
-
Нов силен земјотрес ги погоди руските Курилски Острови
-
Напади со дронови меѓу Русија и Украина во текот на ноќта
-
Илјадници луѓе протестираа во Израел барајќи договор за заложниците
-
Сончево со мала до умерена облачност, од утре промена на времето
-
На ГП Табановце и Богородица се чека околу 30 минути
-
Покрената истрага за поранешниот специјален обвинител кој водеше два случаи против Доналд Трамп
-
Пожар во складиште за гориво во рускиот град Сочи по украински напад