-->
-->
Македонија европски првак во Кантер Страјк
-->
Нов успех на македонската е- спорт репрезентација која по светската титула се стана и европски првак во Кантер Страјк откако во финалето ја совлада Украина со 2-1.
Македонската селекција лошо започна во дуелот со Украинците кои поведоа со 16-5 но во продолжението нашите репрезентативци беа подобри и на крајот заслужено триумфираа и го освоија европскиот трофеј откако минатата година се закитија со светската круна.
Наградниот фонд на ова првенство изнесуваше 25 илјади долари од кои на победникот му припаднаа 10 000.
За Македонија настапија Павле Стојановски ,Даниел Глигоров, Александар Кјулукоски, Дамјан Столковски и Јане Апостоловски.
Светската титула ја освоивме по победата над Романија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Протест за Вардариште
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања
-
Пожарот во Дрисла ги угуши скопјани
-
Какви последици врз здравјето предизвикува горење на депонија?
-
Проф. Трајковски: Аерозагадувањето не смее да се прифаќа како нормално
-
Азир Алиу го промовираше Здравствениот совет - Најави и ангажман на лекари од приватно во јавни установи