Македонец загина на патиштата во Албанија
Шеесетгодишен мотоциклист од Гостивар го загуби животот во соообраќајна несреќа во Албанија.
Несреќата се случила на патниот правец Прењас - Либражд кај местото викано Мостот на Буштрица, во близина на граничниот премин Ќафасан на албанско-македонската граница.
- Македонскиот државјанин Зирди Хасани (60) од Гостивар кој патувал со мотоцикл излетал од патот, при што се здобил со тешки повреди. Случајни минувачи веднаш го транспортирале до болницата во Либражд но, за жал, лекарите само контатирале смрт. Истрагата треба да ги потврди причините за несреќата, се наведува во соопштението на полицијата.
Според првичните сознанија, сега починатиот Хасани возел со голема брзина, а поради влажниот коловоз од обилните дождови, тој се зализгал и удрил во заштитните браници на патот
Ново на Сител
-
Нови инвестиции и вработувања во ТИРЗ
-
УЈП го имала казнето сопственикот на Пулс, тој ја платил глобата, а му било запечатено другото кафуле во Кочани
-
30 семејства без вода во домовите во најтоплите денови од годината
-
Муцунски: Сакаме во ЕУ но имаме и црвени линии
-
Фетаи: Кривични за неуставниот попис
-
Расте бројот на странски инвестиции
-
Топлотниот удар го зема ,„Данокот“
-
Недостигаат хотели на брегот на езерото