Македонец во Хрватска затаил околу 2 милиони евра и избегал
Против македонскиот државјанин Ице Г., основното јавно обвиниелство во Осијек подигна обвинение поради сомневање дека затаил 15 милиони куни (блиску 2 милиони евра), пишуваат хрватските медиуми.
Македонецот се терети дека од 2015 до 2016 година во Осијек, како директор на трговското друштво „Тибиа“, го оштетил буџетот на Хрватска, иако наведеното друштво не било регистрирано како даночен обврзник на додадена вредност и не било овластено да издава сметки со данок на додадена вредност, пишува „Гласот на Славонија“.
Се товари дека издал излезни сметки со искажан данок на додадена вредност за испорака на пченка, пченица, соја, јачмен и други земјоделски култури, производи на неколку фирми во градот. После тоа не поднел даночна пријава во вкупна вредност од над 15,7 милиони куни, и неговото друштво „Тибиа“ не платило обврзувачки данот на додадена вредност и за тој износ го оштетил буџетот.
На наведената адреса во моментов ја нема фирмата, а со проверките е утврдено дека даночниот обврзник немал отворено трансакциска сметка, ниту некогаш поднел барање за упис во регистарот на даночни обврзници. Според истрагата, утврдено е дека фирмата е т.н. „тампон фирма“ без вработени и опрема, кое на пазарот на Хрватска почнало да обавува милионски трансакции со продажба на земјоделски култури кон фирми кои исто така биле основани од македонски државјани, а дел од нив и од државјани на Србија.
И покрај обидот да му се врачи решение за спроведување на истрага и повик за испитување, тоа не било можно затоа што не можеле да го најдат. Обвинителството бара од судот да му се суди во отсуство.
Ново на Сител
-
Русија најави одмазда против Украина поради употребата на американски ракети АТАКМС
-
Ердоган: Заврши ерата на оружје, насилство и терор
-
Пахор се повлече од кандидатурата за специјален пратеник на ЕУ за дијалогот Белград–Приштина
-
Комеморација на Цетиње, трет ден на жалост во Црна Гора
-
Божиќните празнувања во Бигорски почнуваат од утре
-
Во Кавадарци одбележани 82 години од смртта на народниот херој Страшо Пинџур
-
Албанија пред епидемија на грип, за една седмица над 13 илјади заразени
-
Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува за 40 минути, пуштен експресниот пат Крива Паланка-Страцин