Македонец си го осакатил лицето по убиството на 16-годишно девојче
Во знак на каење за неговото дело, Ристовски си го истетовирал целото лице за да „не се заборави“ болката што ја предизвикал. „Си го ставив ова ѓаволско мастило за да не се заборави болката што ја предизвикав“. Тој пред судот го признал делото опасно возење и предизвикување смрт и несовесно однесување со загрозување на човечки живот, пренесува порталот МКД.мк.
На денот на несреќата, Ристовски ја зел неговата девојка од некоја забава и ѝ рекол: Јас ќе те ставам во гроб до крајот на ноќта! Тој и на своите пријатели пред да замине од забавата им рекол – сите ќе ве ставам во гроб. Ристовски порано работел во агенција за обезбедување. Еден ден пред несреќата, тој предизвикал сообраќајка губејќи ја контролата на спортскиот автомобил на татко му возејќи со 210 км/час.
Ново на Сител
-
Муртезани: Кај премиерот и Владата постои сериозна одлучност за надминување на спорот со Софија по изборите
-
Ѓорѓиевски: Нашата единствена опција е да одиме напред кон поврзаност, иновации и знаење
-
Над 100 лица уапсени во септември поради поседување на дрога
-
Министерство за образование на Србија: МВР изврши проверки во дел од училиштата, дојавите за бомби се лажни
-
79-годишен дедо од Велес е прво лице во земјава кое ќе издржува куќен затвор со електронска алка
-
Дожд, снег и ниски утрински темеператури
-
Кривична за членка на Судски совет - за патни трошоци го оштетила буџетот во износ од 291.040 денари
-
Претреси во Ѓорче, пронајдена поголема количина кокаин и марихуана