Македонец паднал во кома откако му се слошило по вакцинирањето во Србија
73-годишен Македонец паднал во кома откако му се слошило вчера по вакцинацијата во Србија потврдува директорот на Универзитетскиот клинички центар Зоран Перишиќ, пишува „Јужне вести“.
„Нема никакви промени во неговата состојба од вчера“, изјави Перишиќ.
Тој додава и дека не е позната причината зошто е пациентот во кома, но потенцира дека се исклучени кардиолошки проблеми.
„Со оглед на тоа дека пациентот имал операција со четири бајпаса, направена е и коронарографија и сликани се и бајпасите, нема знаци за инфаркт, ништо не се случило околу срцето. Така што, тие причини се исклучени“, вели Перишиќ.
Додава дека во зависност од здравствената состојба на пациентот ќе се направи и дополнителна дијагностика.
Вакцинацијата на граѓаните од Македонија започна во сабота, а вчера пред „Чаир“ имало премногу гужва бидејќи имало и Македонци кои немале закажано термин за вакцинација.
Организацијата за вакцинирање ја води Здравствениот дом од Ниш, а директорот Милорад Јеркан првично за случајот со македонскиот пациент рече дека му се слошило поради премореност.
Јеркан додава дека добил информација дека на Македонецот не му се слошило од вакцината.
Во Србија продолжува вакцинацијата за соседните земји, обезбедени се уште 2.000 вакцини.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии