Македонец меѓу загинатите во Нови Сад

Српскиот претседателот Александар Вучиќ во вечерашното обраќање до јавноста изјави дека во денешната голема трагедија во Нови Сад кога се урна настрешницата на главната железничка станица, загинале 14 лица. Еден од загинатите е државјанин на Северна Македонија, а идентитетот на пет лица се уште не е утврден.
– Денеска во 11:50 часот голема трагедија ја снајде нашата држава. На главната железничка станица во Нови Сад, настрешницата се урна врз голем број луѓе кои беа во непосредна близина на железничка станица, рече Вучиќ во вонредното обраќање до граѓаните.
Тој додаде дека според последните информации загинати се 14 лица и дека се надева дека тоа е конечната бројка.
– Не успеавме да го дознаеме идентитетот на пет лица, осум лица се државјани на Република Србија, едно лице е државјанин на Северна Македонија, рече Вучиќ.
Тој изјави дека бара Обвинителството во Нови Сад и Владата на Србија да ги гонат и најстрого да ги казнат одговорните за уривањето на дел од настрешницата во Нови Сад.
– Одговорните, ве уверувам, ќе бидат казнети. Барам политичка, а пред тоа и кривична одговорност, рече Вучиќ.
Тој посебно им се заблагодари на спасувачите, „на луѓето кои цел ден се бореа и страдаа, на работниците кои со своите машини се обидоа да го спасат секој живот што можеше да се спаси“.
– И денеска во оваа голема трагедија успеавме да ги покажеме срцето и душата на нашиот народ, не само Нови Сад, цела Србија застана и остана без зборови. Во еден момент кога спасувачите успеаја да ја извлечат младата жена, а докторите веќе беа подготвени да и ја отсечат раката, затоа што беше притисната од неколку тони, па некако успеаја да ја извлечат со машини, видов солзи радосници кај нашите спасувачи во целата трагедија и сите маки, а тоа покажува колку се големи овие луѓе и каква е целата наша нација, рече Вучиќ.
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
