Македонец и го направил животот пекол на Хрватица: "Ќе ти ја скршам главата, тогаш ќе бидам мирен"
Девојка од Хрватска била во врска со Македонец кој го запознала преку Интернет, но не ни мислела дека животот ќе и се претвори во пекол. Како што пишува Јутарњи Лист, првпат се нашле во Црна Гора, каде започнале љубовна врска, која ја одржувале пет години главно на далечина, со повремени средби. Тој доаѓал кај неа, но сепак минатата година нешто пукнало меѓу нив и девојката решила да стави точка на врската.
По раскинувањето, тој почнал да и се заканува: - „Ќе ме запамтиш, ќе ти се одмаздам, ќе ти го уништам угледот, ќе ти ја скршам главата од асфалтот и дури тогаш ќе бидам мирен“, пишувало момчето. Таа ги игнорирала пораките, но тој не запирал.
Почнал да се јавува и на други членови од нејзиното семејство и им велел дека таа се дружи со лошо друштво, дека е лесна девојка, а потоа ја уценувал.
Потоа ја уценувал дека поради неа е во минус 750 евра, пари што ги потрошил на патувањата до Хрватска, и ако таа не му ги плати, ќе му прати е-маил на нејзиниот работодавец со нејзини приватни фотографии и филмчиња што тој ги направил. Нејзините приватни филмови ги објавил и на YouTube.
Поради страв и беспомошност решила да пријави во полиција. Спроведена е истрага, а овие денови поднесена е тужба против Македонецот кој се бранел во полиција дека во моментите на бес бил пијан.
Ново на Сител
-
ЦУК: Четири активни пожари, три под контрола
-
Трамп нагласи дека имал „многу добар разговор“ со европските лидери
-
Шефот на НАТО вели дека Европа и Трамп се обединети во напорите за завршување на војната во Украина
-
Пожарите во Албанија не стивнуваат, најкритично во Делвина и Финиќ, опозицијата бара прогласување вонредна состојба
-
Вучиќ најави дека нема да се кандидира на следните избори
-
Венс: Трамп ми рече дека има мисија да го врати мирот во Европа
-
ЦУК: Пожар од поголеми размери избувна кај Октиси, авион на ДЗС на пат кон локацијата
-
Полицаец во Кичево физички нападнал повикано лице во полициска станица