Македонците од Пиринска Македонија: Не ни го одземајте името и идентитетот

Најновите билборди за „Нашето име е Македонија“ содржат пораки за Македонците во Република Македонија од потчинетите Македонци од Пиринска Македонија, во кои се вели: „Не ни го одземајте името и идентитетот“.
„Се мачиме да ги оствариме нашите основни човекови права и да се признае на тоа што сме – Македонци. Бугарија не го признава нашето постоење и нѐпрогонува само врз основа на нашето македонско етничко потекло. Ако Република Македонија го смени името, таа ќе го загрози идентитетот на Македонците од целиот свет. Како што е случајот и со антимакедонскиот „Договор за пријателство“, овој чекор само ќе ѝ помогне на Бугарија во остварувањето на нејзината цел да ги избрише Македонците од постоење“, изјави Ѓорги Христов главен уредник на македонскиот весник во Бугарија „Народна волја“.
„Дури и ако заборавиме на едноставниот факт дека Грција, а ниту некој друг нема никакво право да бара промена на името на Р. Македонија, „преговорите“ јасно покажаа дека она што Грција сака всушност да го промени е македонскиот идентитет. И Грција и Бугарија во лицето на своите највисоки претставници недвосмислено изјавија дека Македонија може да влезе во Европа, но не и „македонизмот“, поим со кој тие го етикетираат македонскиот идентитет. А за идентитетот и не смее да се преговара“, изјави Иван Сингартијски, Копретседател на ОМО Илинден ПИРИН.
Во текот на последните две децении, Обединетите нации, Стејт Департментот на САД, Европскиот суд за човекови права, Европската комисија против расизам и нетолеранција и Хјуман Рајтс Воч, меѓу останатите, заклучија дека Грција и Бугарија постојано ги прекршуваат правата на Македонците во тие земји и побараа од Грција и Бугарија веднаш да ги признаат своите македонски малцинства. Оваа поддршка се случува зашто Македонците од соседните држави, со помош на ММДЧП, го бранат своето права на постоење и апелираат до меѓународната заедница да ги одбрани нивните најосновни човекови права, во согласност со универзално прифатените и ратификувани конвенции за човекови права.
Стојан Герасимов претседател на Друштвото на репресираните Македонци во Бугарија, кој самиот лежел 5 години затвор заради својата националност повикува:
„Македонци во Република Македонија – вие морате да се борите исто како нас. Прекинете ги преговорите за името, а светот во тоа ќе ве поддржи. Бранете се себеси и ќе бидете одбранети. Нашето име е Македонија. Барајте да се почитува и тоа и ќе го добиете!“.
Ново на Сител
-

Макрон предлага забрана за користење на социјалните мрежи за лица под 15 години
-

Реакција на адвокатката Ивана Коцевска на употребата на нејзиниот лик на транспарент на „Маршот на ангелите“ во Кочани
-

Дипломатската служба на ЕУ предупредува: Одборот за мир на Трамп концентрира премногу моќ и ги крши принципите на ЕУ
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Франција надмоќна против Португалија, постигна 28 голови во едно полувреме
-

Трамп се закани со 100-процентни царини за Канада доколку склучи трговски договор со Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е штетен за Македонија
-

Филипче: Вратите на СДСМ се ширум отворени за секој чесен социјалдемократ, за секој работник, за секој интелектуалец кој ѝ мисли добро на државата
-

Лажен „лекар од Словенија“ измамил 86-годишна жена од Виница за 30.000 евра
