Македонци плаќале по 1.000 евра за бугарски пасоши, Косовци 5.000 евра
Живко Чукарски, ексградоначалникот на село Рилци, Благоевградско, ја призна вината за незаконско регистрирање на македонски државјани и склучи спогодба со Окружното обвинителство во Благоевград.
Истрагата покажа дека Чукарски изготвил и потпишал 246 потврди за постојана адреса на живеење за македонски државјани, иако тие не живееле во селото и не доставиле потребни документи за регистрација.
Во периодот од 2016 до 2019 година, во село Рилци биле регистрирани над 4.000 македонски државјани. Дел од регистрациите биле направени на непостоечки адреси или на празни полиња.
Иако многумина од фиктивно пријавените граѓани веќе се одјавени, проблемот со лажните адреси останува актуелен.
Во соседното село Бело Поле, сѐ уште има повеќе од 10.000 фиктивно регистрирани македонски државјани, за кои мештаните велат дека никогаш не ги виделе.
„Македонците беа привилегирани за добивање бугарски пасоши“, пренесуваат бугарските медиуми, повикувајќи се на сведок кој одблиску е запознаен со случајот.
Според сведокот, биле ангажирани над 100 „медијатори“ кои обезбедувале документи, фиктивни адреси и посредувале пред институциите. Македонците плаќале по 1.000 евра за пасош, додека граѓаните на Косово до 5.000 евра.
Сведокот за БТВ објасни дека постојат три начини за стекнување бугарско државјанство:
- Вработување или основање компанија во Бугарија, со што се добива статус на постојан престој.
- Основање фирма од страна на странски државјани и отворање седиште во Бугарија.
- Издавање документ за бугарско потекло, што е најчесто користен метод.
Ново на Сител
-
ЈП Водовод и канализација: Постигнато е нивото на редовно водоснабдување, но поради преголема потрошувачка во Чаир мрежата се празни пребрзо
-
Виткоф му одговара на Хамас дека нивните барања се „целосно неприфатливи“
-
Насилства низ Париз по победата на ПСЖ во Лигата на шампиони
-
Илон Маск: Не земам дрога
-
Протести на студентите во блокада во 34 градови во Србија
-
Премиерот Мицкоски во посета на Институтот за јавно здравје
-
„Вози право, вози здраво“, најмасовниот вело настан на скопските улици
-
Посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје поради трка со велосипеди, тротинети