Макартни: Џон Ленон беше навистина посебен
Пол Макартни си спомна за животот на Џон Ленон на гостување на „Ајхарт рејдио“ и откри како покојниот член на „Битлс“ размислувал за смртта неколку години пред да биде убиен.
Макартни (81) откри дека Ленон бил вознемирен околу тоа - како луѓето ќе го паметат по неговата смрт.
- Се сеќавам како ми кажа дека е загрижен како луѓето ќе го помнат кога ќе умре и тоа многу ме шокираше. Реков дека сите ќе го паметат како одличен музичар, затоа што направи многу за да го докаже тоа, вели Пол.
Тој, на некој начин, му бил „како свештеник“. - Честопати ќе морав да кажам: „'Синко', ти си одличен, не грижи се“, и тој ќе го прифатеше тоа. Тогаш се чувствуваше подобро, додаде музичкиот ветеран.
Истакна дека, да се работи со Ленон, било одлично поточно - „неверојатно“ искуство. Пол се присети и на мигот кога дознал дека Ленон го убиле, на 8 декември 1980 година пред неговиот стан во Њујорк, САД, на 40-годишна возраст.
- Не можам да најдам зборови. На сите им беше тешко бидејќи беше многу сакан и луд тип. Тој беше навистина посебен!, заклучи Макартни.
Ново на Сител
-
Данска од утре претседава со ЕУ - што може да очекува Македонија?
-
ДУИ ќе бара кривични за пописот - ВРЕДИ обвинува за предавство
-
Конечно пуштен во употреба експресниот пат Фариш – Дреново во должина 10.2 км, инвестиција од 45 милиони евра
-
Силен раст на индустриското производство во мај
-
„Конти Хидропласт“ донира 100.000 евра за реконструкција на интерното одделение во Гевгелија
-
Почна вториот уписен рок, во некои гимназии можно е повторно приемно тестирање
-
Пеколните горештини ги полнат невролошките одделенија во болниците
-
Мрежите духови закана за живиот свет во езерото